Легендарниот фудбалер ѝ се врати на старата љубов: На 45 години ќе заигра професионално тенис

Славниот уругвајски фудбалер Диего Форлан до својата 16-тата година паралелно тренирал и фудбал и тенис. Тој веќе шест години е пензиониран од фудбалските терени, но во овие години активно се занимава со тенис и настапува на турнирите од Мастерс тур серијата, која е за играчи над 30 години.

Најголемиот успех во тенисот го постигна со пласманот во четвртфиналето на турнирот во Лима, Перу, а сега одлучи да оди чекор напред и да заигра и на професионално ниво.

Форлан заедно со Аргентинецот Федерико Корија ќе настапат во конкуренција на двојки на турнирот во главниот град на Уругвај, Монтевидео, и се очекува да бидат вистинска атракција. Корија во моментов е 101-ви во поединечна конкуренција, додека во двојки е на 407-мото место.

- Оглас -

Најнови вести