Легендарниот Гарнет се чуди: „Како цело лето да не чепнеш топка и лесно да дојдеш до трипл-дабл“

Легендата на НБА-лигата, Кевин Гарнет, со својот статус на социјалните мрежи се чини дека погоди во центар. Тој се запраша како е можно цело лето да не чепнеш топка и толку лесно да дојдеш до трипл-дабл.

Неговиот статус се однесува на Никола Јокиќ, кој три месеци беше на одмор во Србија, се грижеше за своите коњи, но и лудуваше низ српските кафеани.

Јокиќ синоќа продолжи таму каде што застана минатата сезона. На дуелот против ЛА лејкерс постигна 29 поени и додаде 13 скока и 11 асистенции во победата на неговиот Денвер од 119-107.

- Оглас -

Најнови вести