Легендарниот Германец ги изненади Словенците со 50 донери

Некогашниот германски репрезентативец Лукас Подолски пријатно ги изненади фудбалерите на Словенија и ги почести со јадење и пиење како награда за пласманот во осминафиналето на ЕП. Подолски кој во кариерата играше за Келн, Баерн Минхен и Арсенал, во соблекувалната на Словенија испорачал 50 донери, јогурти и пијалоци, по завршување на дуелот со Англија.

Словенија одигра без голови против Англија и тоа беше доволно да се пласира во осминафиналето на ЕП, што е нивни најголем успех. Конекцијата меѓу Подолски и Словенија е Ерик Јанжа. Овој словенечки репрезентативец е член на тимот на полскиот Горник Забрзе, каде соиграч му е токму Подолски.

- Оглас -

Најнови вести