Легендарниот германски напаѓач ќе биде тренер во Словенија?!

Легендарниот германски напаѓач, Мирослав Клосе, е многу блиску до својот втор тренерски ангажман. Тој веќе преговара со словенечкиот прволигаш Олимпија Љубљана, а таму треба да го замени Жоао Енрике, на кого не му оди баш најдобро.

Клосе во тренерската кариера седеше на клупата само на австрички Алтач, но не се прослави и веќе неколку месеци е без ангажман. Во Алтач забележа само пет победи, пет нерешени и доживеа дури 14 порази.

Како што пренесуваат медиумите од Словенија, единствен проблем во моментов е неговата плата, која изнесува минимум 10.000 евра месечно и прашање е дали Олимпија Љубљана е подготвена за плати толку за тренер без големо искуство.

- Оглас -

Најнови вести