15.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Легендарниот голман едвај остана жив: Сега ќе мора повторно да се бори да прооди

Себастијан Фреј ненадејно го снема од друштвениот живот во изминатиов период, а сега самиот голман реши да објасни што било причината за тоа.

„Како што сигурно сте приметиле, одреден период бев отсутен од друвштвените мрежи. Причина за тоа е што пред три недели итно бев префрлен во болница. Имав преку 40 температура. По направени одредени тестови и анализи му пронајдоа вирус во организмот. Малку по малку, тој вирус целосно ме онеспособи. Едвај останав жив, а сега пред мене е нов предизвик. Морам повторно да застанам на нозе. Морам да почнам да одам и напорно да работам на тоа, за да можам да се грижам и за своето дете. Секогаш сум играл за победа, па знам дека и оваа битка ќе ја добијам“, напиша Фреј на социјалните мрежи.

Овој голман е вистинска легенда на италијанскиот фудбал. Во Серија А има повеќе од 500 меча во дресовите на Интер, Верона, Парма и Фиорентина. Кариерата ја заврши во 2015 година како голман на турскито Бурсаспор. Французинот кој сега има 38 години има и два настапи за националната селекција на „галските петли“.

 

- Оглас -

Најнови вести