Легендарниот голман на 41 година ќе брани за тимот на Сеск Фабрегас

Еден од најстарите активни голмани во европскиот фудбал, Пепе Реина, продолжува да брани, и тоа во италијанската Серија А. Шпанецот кој има 41 година е нов голман на новиот калчолигаш Комо.

Реина во Комо доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Вилјареал. Комо ќе биде негов деветти клуб во кариерата откако претходно има брането и за Барселона, Ливерпул, Наполи, Лацио, Милан, Астон вила и Баерн Минхен.

Ветеранот во Комо доаѓа по барање на тренерот Сеск Фабрегас, со кого беше соиграч во шпанската репрезентација.

„Среќни сме и возбудени. Сакаме да му посакаме добродојде на Реина во клубот. Тој е голман со големо меѓународно искуство. Убеден сум дека ќе му помогне на клубот во следната сезона“, вели Фабрегас.

Комо се врати во Серија А по пауза од над 20 години и сега главна цел е да се обиде да обезбеди опстанок, а не веднаш да се врати во Серија Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести