Легендарниот голман заврши во болница има Коронавирус

Еден од најдобрите голмани во периодот од 2000 до 2010 година, Рушту Речбер е хоспитализиран. Сопругата на поранешниот голман на турската репрезентација потврди дека Рушту е заразен од Коронавирус.

„Мојот сопруг е хоспитализиран, затоа што е позитивен на Коронавирусот. Се беше нормално, кога во еден момент се појавија симптомите. Сите бевме во шок. Ова се тешки моменти за нас. Само ги молам луѓето да бидат претпазливи и да покажат почит. Мојот тест и тестовите на синот и ќерката беа негативни. Не смееме да го посетиме во болница и тоа е најтешкото. Се молиме на здравје. Господ е голем“, вели Исил, сопругата на Рушту.

Врвот на кариерата турскиот голман го имаше на Светското првенство во 2002 година, кога со националниот тим стигна до третото место на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија. Тој е рекордер по бројот на настапи за Турција со 124 меча, а во кариерата на клупски план бранеше за Фенербахче, Бешикташ и Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести