Прославениот колумбиски голман Рене Игита направи драстична промена на изгледот. Постарите љубители на фудбалот го памтат Игита по својата прочуена „шкорпин“ одбрана, која ја направи на мечот Колумбија – Англија во 1995 година.
Се работи за потег кога Игита со нозете зад грб во лет ја удира топката од гол линијата, практично воопшто без да гледа во нејзе.
Игита сега има 55 години, а во изминатиов период направи неколку хируршки операции на лицето и тоа со една цел. Некогашниот голман сакал да се разубави.
„Бев уморен од тоа да сум грд. Сакав да бидам убавиот Рене. Сега сум физички совршен“, рече легендарниот голман, кој направил корекции на носот, вградил силиконска брада, направил агресивна липосукција и ја скинал вишокот кожа од лицето.