26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Легендарниот Италијанец вторпат победи во битката против ракот

Поранешниот италијански репрезентативец Џанлука Вијали по вторпат го победи ракот на панкреасот. По 17 месеци животна борба, здравјето на Вијали целосно се подобри. Претходно, во 2018 година екснапаѓачот на Јувентус, Самдпорија и Челзи закрепна пред да соопшти дека симптомите повторно се појавија минатата година.

Докторите кои водеа сметка за хемотерапијата му соопштија убави вести на Вијали откако последните тестирања биле негативни на ракот.

Инаку педесет и петгодишниот ексфудбалер моментално работи како тренер, односно е дел на стручниот штаб на Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија.

- Оглас -

Најнови вести