Легендарниот хрватски фудбалер Иван Класниќ многу години води битка со болест на бубрезите, а проблеми имаше и за време на неговата играчка кариера.
Првата операција ја имаше во 2007 година, кога неговиот татко му донираше бубрег, кој му ја продолжи играчката кариера.
По одреден период и бубрегот од татко му почна да откажува, па непознат донор му донира нов бубрег на легендарниот хрватски фудбалер.
Сите овие проблеми можеле да бидат спречени доколку Класниќ добиел соодветно лекување додека играл во Вердер. Утврдено е дека лекарите од тимот на Вердер Бремен погрешно го лекувале Класниќ, по што хрватскиот фудбалер поднесе тужба на суд.
Класниќ тогаш го тужеше клубот од Бремен, а во декември 2020 година му беше определено дека мора да му се исплатат четири милиони евра.
Сепак, здравјето е многу поважно од парите, а Класниќ и денес води големи битки.
Објави слика од болница и малку ги загрижи пријателите, фановите и познаниците.
Класниќ стави фотографија на која се гледа како прима инфузија, а ја додаде и песната Unstoppable (Неуништлив).
Цело време за време на својата борба Класниќ добива поддршка од соиграчите, спортските работници, тренерите, навивачите и нема сомнеж дека така ќе биде и сега.
Во својата играчка кариера Иван Класниќ играше за Сент Паули, Вердер, Нант, Болтон, Мајнц, а за репрезентацијата на Хрватска има 41 настап и 12 постигнати гола.