Јапонското гратче Шимокава кое се наоѓа на светот на островот Хокаидо и има помалку од 4.000 жители, даде неколку познати ски-скокачи, а инспирација за сите нив беше легендарниот Нориаки Касаи, кој вчера ја почна 31-вата сезона во светскиот куп.
Со 47 години, Касаи е веројатно најстариот активен спортист кој се натпреварува на врвно ниво во некој од зимските спортови. Во Полска не успеа да ги мине квалификациите, но ќе има и други шанси.
Во јапонската репрезентација се и браќата Кобајаши, Сато, Ито и Накамура, никој од нив не бил ни роден кога Касаи дебитираше на 17 декември 1988 година во Сапоро. Сега има над 500 настапи
Касаи на почетокот на кариерата го красеше необичен стил, при летот толку многу се наведнуваше напред, што скиите му беа речиси зад уши. Затоа го доби прекарот Дамбо. Со текот на времето, ги менуваше стилот и техниката, па и прекарот. Така, од Дамбо стана Камиказа.
Во 1992 во Албервил дебитираше на Зимски олимписки игри, а во 1994 во Лилехамер го освои и првиот олимписки медал. Најтежок момент во кариерата му беше кога не го избраа да биде во тимот на Јапонија во Нагано 1998, а таму Јапонците го освоика златото во екипна конкуренција. После Нагано, Касаи учествуваше и на ЗОИ во Солт Лејк сити, Торино и Ванкувер, таму не освојуваше медал, но но освои сребро и бронза во Сочи во 2014, како 42-годишен.
Игрите во Пјеонгчанг лани му беа осми, но не и последни. Вети дека ќе скока и во Пекинг во 2022 година. Тогаш Касаи ќе има 50 години. Тоа е Дамбо, Камиказата, легенда!