Легендарниот босански фудбалер Семир Туце, кој сега живее во Швајцарија, преживеа срцев удар. Туце веднаш бил опериран и сега се чувствува подобро.
Туце е еден од најдобрите фудбалери во историјата на мостарски Вележ, каде играше во периодот од 1981 до 1989 година. Крилниот напаѓач беше еден од предводниците на Вележ во освојување на Купот на Југославија во 1986 година.
По заминувањето од Вележ, Туце настапуваше шест сезони во швајцарски Луцерн, а во 1995 година се пензионираше. Одигра и седум меча за југословенската репрезентација, во кои постигна два гола. Туце сега има 57 години.