Оливер Кан од денес е член на одборот на директори, објави Баерн Минхен. Легендарниот голман до декември 2021 година ќе биде на оваа функција, а потоа ќе го наследи Карл-Хајнц Румениге како извршен директор на германскиот првак.
Темпераментниот Кан е еден од најтрофејните играчи коиго носеле дресот на Баварците, на „Алијанц арена“ освои вкупно 23 трофеи, од кои осум се титули во Бундеслигата. Во 14 сезони како член на Баерн, Кан настапи на вкупно 632 меча и долго време беше капитен, додека за Панцерите бранеше во 86 наврати, а дури на 49 средби ја носеше капитенската лента на германската репрезентација.