Легендарниот капитен на БиХ ја отвори душата: Белграде, од срце ти благодарам што им даде шанса на моите мајка и сестра

Прославениот фудбалер и некогашен капитен на репрезентацијата Сергеј Барбарез реши јавно да се заблагодари на Белград за можноста неговите најблиски да добијат бесплатна вакцина во борбата против Коронавирусот, иако не се граѓани на Србија.

Барбарез преку Твитер откри дека неговата мајка и сестра заминале на вакцинација во Белград и добиле бесплатна доза во борбата против опасната болест.

„Ти благодарам мој Белграде од срце, затоа што даде на моите мајка и сестра да се вакцинираат, а со самото тоа и шанса за подобар живот. А тебе „БИХ политико“, да не ве набројувам поединечно, затоа што тоа не сте го ни заслужиле и бидете горди на својот идиотизам и незнаење!“, напиша Барбарез.

Деновиве во Белград пристигнаа многу луѓе не само од БиХ, туку и од Македонија и другите соседни земји, за да се вакцинираат против Коронавирусот. Србија дозволи сите оние кои ќе побараат да се вакцинираат, да добијат доза, без разлика што не се државјани на оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести