Легендарниот Казорла не се откажува, ќе игра и следната сезона за Овиедо

Санти Казорла ќе ја продолжи својата фудбалска кариера и во 40-тата година. Поранешниот репрезентативец на Шпанија потпиша нов едногодишен договор со Овиедо.

Казорла се врати во шпанскиот фудбал минатата година, откако три сезони мина во Ал-Сад.

Со Овиедо за малку не успеа да се пласира во Ла Лига, во баражот неговиот тим го победи Еспањол со 1-0 на домашен терен, но реваншот го загуби со 0-2, па и следната сезона ќе настапува во Сегунда.

Најголемиот дел од кариерата Санти Казорла го помина во Вилјареал, а остави голем белег и во Арсенал, за кој играше од 2012 до 2018 година.

Казорла одигра и 81 натпревар во дресот на репрезентацијата на Шпанија и постигна 15 гола.

- Оглас -

Најнови вести