Легендарниот Кјелини влезе во тренерските води, и тоа како дел од тимот каде што ја заврши играчката кариера

Поранешниот италијански фудбалер Џорџо Кјелини влегува во тренерски предизвик. Искусниот дефанзивец и официјално е промовиран како дел од стручниот штаб на екипата на Лос Анџелес.

Играчката кариера Кјелини ја заврши токму во тимот на Лос Анџелес, за којшто одигра 18 мечеви пред да се повлече од активното играње.

„Многу сме благодарни што Кјелини прифати последните мечеви во својата кариера да ги одигра за нашиот тим и тука да ја заврши играчката кариера. Во тој период што го помина тука, покажа колку е добар и значаен за Лос Анџелес и затоа останува дел од тимот, овојпат како дел од тренерите“, истакнаа од тимот на Лос Анџелес.

Кјелини во кариерата играше за Фиорентина, Ливорно, Јувентус и Лос Анџелес. Најголемите успеси ги имаше како дел од тимот на Јувентус. Долги години беше и стандарден член на италијанската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести