Легендарниот Клаудио Тафарел е нов член на Ливерпул

Некогашниот прославен бразилски голман Клаудио Тафарел е нов член на стручниот штаб на Ливерпул и ќе биде дел од екипата на Јирген Клоп.

Тафарел бранеше за Бразил на Светското првенство во 1994 година, кога Бразилците во финалето на Мундијалот на пенали ја победија Италија и се искачија на планетарниот трон.

Доаѓањето на Тафарел е најмногу поради тоа што на голот на Ливерпул е бразилскиот чувар на мрежата Алисон Бекер. Тафарел работи и со голманите на бразилската репрезентација, а сега ќе соработува со Алисон и на клупско ниво.

Во богатата голманска кариера, Тафарел беше активен во периодот од 1985 до 2003 година, а бранеше за Интернасионал, Парма, Реџина, Атлетико Минеиро и Галатасарај, а голот на Бразил го бранеше во периодот од 1988 до 1998 година.

- Оглас -

Најнови вести