Некогашниот освојувач на азиската фудбалска Лига на шампиони, кинескиот клуб Гуангжу нема да продолжи професионално да се натпреварува во 2025 година, откако кинеската фудбалска федерација не му даде лиценца за настап.
Осумкратниот шампион на Кина има финансиски проблеми и тоа е главнаат причина поради која не доби дозвола за настап во новата сезона од домашниот шампионат.
„Клубот вложи многу напори за да добие пристап до професионалната лига во новата сезона, но поради големиот долг, собраните средства не се доволни. Жалиме што не успеавме да го направиме тоа, па затоа најискрено се извинуваме на навивачите и луѓето од сите сфери на животот кои го поддржуваат клубот. Во исто време, ви благодариме за разбирањето и толеранцијата. Нема да го промениме нашиот оригинален намера и ќе дадеме се од себе да се справиме со последиците и да го поддржиме развојот на кинескиот фудбал и фудбалот Гуангжу“, се вели во соопштението на Гуангжу.
Ооваа одлука за исклучување на Гуангжу ја спушта завесата на ерата на раскошно трошење во кинескиот фудбал. Во изминативе 10-тина години Гуангжу го ангажираше тренерот победник на Светското првенство Марчело Липи во 2012 година и Италијанецот ја предводеше својата екипа до титулата во Азиската Лига на шампиони во 2013 година.
Две години подоцна, друг светски шампион, Бразилецот Луис Фелипе Сколари, го повтори подвигот додека ја продолжи доминацијата на Гуангжу во домашното првенство, при што клубот освои осум титули во кинеската Супер лига во девет сезони во периодот од 2011 до 2019 година.
Потоа започнаа финансиските проблеми што доведе до заминување на клучните играчи и стручниот штаб, а Гуангжу беше исфрлен во втората лига.