Легендарниот клуб со гол во 94-тата минута стигна до првото финале во последните 38 години (Видео)

Фудбалерите на Сент Етјен со 2:1 славеа во дуелот против Рен во полуфиналето од Купот на Франција. Рен влезе како бранител на тронот во Купот, а одлично го отвори мечот со погодокот на Нијанг од пенал во 33-тата минута. Домаќините брзо се вратија во игра и со голот на Колоџиџак израмнија во 43-тата минута.

Нерешено беше сè до четвртата минута од судиското продолжување кога Будебуж погоди за голема радост на домашните фанови и победа од 2:1. За Сент Етјен ова е прво финале во Купот по пауза од 38 години. Последен пат играа во борба за трофејот во 1982 година, кога загубија од ПСЖ, нивниот ривал и во финалето за оваа сезона. Сент Етјен последен пат на трофејот во Купот се израдувал во далечната 1977 година.

https://youtu.be/F5YYjn8eQcc

- Оглас -

Најнови вести