Легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина веќе доставил предлог до Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации, ИФАБ, кој е надлежен за фудбалските правила, за промена на правилото за изведување пенал. Колина предлага кога голманот ќе одбрани пенал, ниту фудбалерот кој шутира, ниту неговите соиграчи да немаат право да постигнат гол. Едноставно удар од 11 метри или ќе биде гол или ќе се изведува гол-аут.
„Верувам дека има голема разлика во шансата која ја имаат голманот и напаѓачот. Во просек 75% од пеналите се реализирани, а тоа е повеќе од она што постои како шанса да се постигне гол во тие ситуации за кои е досуден пенал. Освен тоа, на напаѓачот му се дава и втора шанса да погоди по одбрана на голманот и одбиена топка. Според мое мислење, голманите мора да се жалат за ова правило. Ова веќе го споменав и во ИФАБ. Едно од решенијата е правилото ‘еден удар’, исто како и во пеналите кои се шутираат на крајот. Нема одбиена топка, или даваш гол или играта продолжува со гол-аут. Тоа би ја укинало и драмата која ја гледаме на пеналите дали играчите влегле порано во шеснаесетникот“, вели Колина.