Легендарниот кошаркар од регионот бил итно примен во болница и му била извршена операција на срцето

Легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ (55) изминатиот викенд итно бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, а потоа и бил опериран на клиника во Белград, Србија.

Паспаљ во саботата бил примен во болница поради аритмија, поради што минатиот месец беше кратко хоспитализиран, а операцијата била извршена истиот ден.
Славниот кошаркар двапати имал срцев удар, а во 2017 година преживеа и мозочен удар.

Жарко Паспаљ во 1980 и во 1990 години беше една од најголемите ѕвезди на европската кошарка. Во кариерата настапуваше за Будуќност, Партизан, Сан Антонио спарс, Олимпијакос, Панатинаикос, Арис, Виртус Болоња.

Со репрезентацијата на СФР Југославија триумфира на СП во 1990 година, двапати стана европски шампион (1989 и 1991), има едно олимписко сребро (1988), а по распадот на СФРЈ, со репрезентацијата на Југославија има еден триумф на ЕП (1995) и сребро од ОИ во Атланта во 1996 година.

- Оглас -

Најнови вести