Легендарниот романски селектор Мирчеа Луческу се наоѓа во многу тешка здравствена состојба. Луческу кој има 80 години за краток период претрпе два срцеви удари и сега се наоѓа во индуцирана кома. Пред нешто повеќе од една недела Луческу беше примен во болницата, три дена по поразот на неговата репрезентација во бараж мечот од Турција за пласман на Светското првенство 2026.
Луческу е еден од најголемите фудбалски имиња во Романија. Како играч беше капитен на репрезентацијата на Светското првенство во 1970 година, а потоа беше и селектор во дебитантскиот настап на Романија на Европското првенство во 1984 година.
Во својата богата тренерска кариера предводеше екипи од Италија, Турција, Украина и Русија, а беше и селектор на Турција. Најголем печат во тренерската кариера остави во тимот на Шахтер каде беше на клупата од 2004 до 2016 година, а во 2009 година триумфираше во Купот на УЕФА (денешна Лига на Европа).

