Во радиоемисија на уште една боксерска легенда Шугар Реј Ленард, гостуваше поранешниот светски првак во тешка категорија Мајк Тајсон. Пензионираниот 53-годишен Тајсон имаше турбулентна и контроверзна кариера, но со солзи во очите раскажа колку му недостасува боксот.
„Ја познавам уметноста наречена борба, уметноста наречена војна. Тоа е сè што сум проучувал во мојот живот. Поради тоа противниците ми се плашеа во рингот. Бев разурнувач, роден за тоа. Сега кога тие денови веќе ги нема, се чувствувам празно. Затоа и плачам, бидејќи веќе не сум таа личност. Ми недостасува тој Тајсон. Понекогаш се чувствувам како слабак бидејќи не сакам таа личност да се појави на површина. Со неа доаѓа и пеколот, а јас се плашам од човекот што бев во минатото“, вели Тајсон.
Во 1986 година Тајсон стана најмладиот светски првак во тешка категорија само на 20-годишна возраст. Шест години подоцна беше осуден на шест години затвор порази силување, но беше пуштен три години порано. Кариерата му наиде на нова пречка откако беше дисквалификуван од борби поради што во сред меч му откина дел од увото на Евандер Холифилд. Тајсон кариерата ја заврши со 50 победи и шест порази.
https://twitter.com/usy1_/status/1234201855674155014