-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Легендарниот Марсел Хиршер ќе го промени спортот?

Долго се очекуваше враќањето на Марсел Хиршер за олимписката сезона и негов евентуален настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во февруари 2026 година, но од тоа засега нема ништо. Легендарниот скијач одлучи да не се враќа на патеките додека не биде целосно подготвен.

Иако успешно се опорави од тешката повреда на коленото што ја заработи кон крајот на 2024 година, Хиршер смета дека сè уште не е на ниво кое е потребно за натпреварување во Светскиот куп и за најголемите предизвици во алпското скијање.

Освојувачот на бројни титули се врати од пензија во 2024 година, но овојпат под знамето на Холандија. На стартот на сезоната 2024/25, во велеслаломот во Зелден освои осум бодови, но потоа повторно го снајде повреда што го претвори новиот камбек во вистинска борба со времето и телото.

Сега Хиршер најавува внимателен пристап и постепено враќање, доколку воопшто реши повторно да се натпреварува на највисоко ниво.

Во меѓувреме, легендарниот Австриец размислува и за промена на спортот. Неодамна настапи на едно сноуборд натпреварување во Австрија и, како што призна, бил задоволен од настапот.

„Понекогаш мора да се проба нешто ново“, изјави Хиршер со насмевка.

На прашањето дали би можел да се посвети на сноуборд наместо на алпско скијање, тој беше воздржан: „Продолжуваме со тренинзите“, кратко одговори, оставајќи многу работи отворени.

Австриските медиуми потсетуваат дека Хиршер и порано често се појавувал на сноуборд патеките, па не би било изненадување доколку во наредниот период се обиде со нешто ново.

- Оглас -

Најнови вести