Легендарниот Марсело доби отказ откако се скара со тренерот

Некогашниот бразилски репрезентативец Марсело е слободен играч. Искусниот 36-годишен бек доби раскин на договорот од тимот на Флуминесе. Причина за раскин на договорот е конфликтот кој Марсело го имаше со тренерот Мано Менезес на мечот против Гремио што заврши 2:2.

Марсело се подготвуваше да влезе во игра во 90 минута, кога тренерот Менезес му објаснуваше нешто на играчот, но потоа стратегот се налути. Според една верзија, Марсело му порачал на тренерот да „не го допира“, а втората верзија е дека Марсело не сакал да исполни некоја од тактичките замисли на стратегот.

Без разлика која верзија за конфликтот е точна, Марсело наместо на теренот, веднаш беше вратен на клупата за резерви, а подоцна беше посочен како главен виновник за конфликтот. Челниците на Флуминесе веднаш реагираа и решија да го раскинат договорот со легендарниот Бразилец кој има освоено дури 29 трофеи во кариерата.

Марсело најголем дел од кариерата го помина во Реал Мадрид, каде настапуваше од 2007 до 2022 година. Потоа имаше кратка „епизода“ во Олимпијакос, за да потоа се врати во Бразил, потпишувајќи за неговиот тим од детството, Флуминесе. Сега од таму си заминува на неубав начин.

- Оглас -

Најнови вести