Прв пат по многу години Новак Ѓоковиќ заврши една календарсна година без да освои ниту еден трофеј на АТП турнирите. Токму затоа многумина го поставуваат прашањето дали Ѓоковиќ ќе може во 2025 година ќе може да ја врати старата форма од времето кога доминираше на теренот.
Надеж на Србинот му влева фактот дека оваа година го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, што само е доказ дека мотивот не му недостасува и дека кога е максимално фокусиран на една работа, многу веројатно е дека ќе ја оствари.
Легендарниот тенисер Џон Мекинро објаснува кои се двата големи проблеми со кои Ѓоковиќ ќе се соочи во новата сезона.
„Новак Ѓоковиќ сака да освојува уште Гренд слем титули, но како ќе се случи тоа, ако не игра на доволно турнири. Тогаш би можело да се случи да игра против Карлос Алкарас уште во четвртфиналето, па со Јаник Синер во полуфиналето. Тоа би било многу комплицирано за Ѓоковиќ“, истакнува Мекинро.
Освен од спортски аспект, Мекинро вели дека на Новак ќе му биде тешко да одигра комплетна сезона затоа што треба да се посвети и на децата.
„Новак има две деца, па навистина нема да му биде лесно да одигра комплетна сезона“, е заклучокот на Мекинро.
ВО текот на блескавата кариера Ѓоковиќ освои вкупно 99 пехари и му недостасува само еден за да ја стигне магичната бројка од 100 трофеи во кариерата.