Легендарниот напаѓач има оригинално објаснување: Мбапе не му кажа НЕ на Реал, ова значи само почекајте ме мене во иднина

Уго Санчес, легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, верува дека Килијан Мбапе ќе игра за Кралскиот клуб во иднина и има оригинално објаснување за трансферот што требаше да биде мегаспектакуларен ова лето, но не се случи и францускиот репрезентативец остана во ПСЖ.

„Ова не е дефинитивно НЕ на Килијан за Реал Мадрид. Ова значи само да се почека одреден период пред тој да заигра за Кралскиот клуб. Мене така ми личи, иако не можам да знам што се случува во главата на Мбапе“, вели Санчес.

Мбапе беше на прагот на трансфер во Реал Мадрид, но оддеднаш го смени курсот по понудата на Пари Сен Жермен да остане, а сумата беше вртоглава и условите неверојатни.

Само при потписот на новиот договор со парижаните што е со важност до 2025 година, Мбапе добива 100 милиони евра и плус по 50 милиони евра годишно, а Килијан ќе има бенефиции и во клупската политика со можност да влијае на спортскиот дел од работата во клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести