Репрезентацијата на Германија за утрешниот пријателски натпревар против Франција ќе има привремен селектор откако неодамнешниот Ханси Флик доби отказ по катастрофалните резултати.
На клупата на Германците се враќа добро познат лик, човекот кој ги водеше до финалето на Светското првенство во 2002 година, Руди Фелер.
Легендарниот напаѓач беше селектор на Германија од 2000 до 2004 година, а последните 17 години беше спортски директор на Баер Леверкузен.