Легендарниот напаѓач се врати во Баерн Минхен, но никој не успеа да го препознае (Фото)

Помладите љубители на фудбалот веројатно не се сеќаваат, но постарите сигурно го паметат убиствениот холански напаѓач кој со успех настапуваше за Депортиво ла Коруња и Баерн Минхен.

Рој Макај се пензионира во 2010 година, а претходно постигна 97 гола на 176 натпревари за Депортиво ла Коруња, со која ја освои шампионската титула во Шпанија во 2000, и 103 гола на 183 натпревари за Баерн Минхен.

Откако се пензионира од активно играње фудбал, продолжи да работи како помошник-тренер и тренер на младинските категории во Феенорд. Неодамна повторно доби повик и сега е дел од младинските категории на Баерн Минен. Но, во Германија никој не успеа да го препознае поради неговиот изменет изглед.

- Оглас -

Најнови вести