Легендарниот Оливер Кан пристигна во Франција за да купи славен клуб

Легендарниот германски голман, Оливер Кан, заедно со неговиот бизнис партнер, Жак-Анри Ејро, веќе пристигнаа во Франција, каде треба да ги финализираат преговорите за купување на Бордо. Францускиот великан банкротираше, па сега се натпреварува во четвртата лига, а наскоро може да добие нови сопственици.

Клубот во моментов е во сопственост на општината, исто како и стадионот кој беше изграден за Европското првенство во 2016 година. Токму затоа Кан ќе се сретне и со градоначалникот на Бордо, а наскоро може да биде и објавена официјалната купопродажба.

55-годишниот Кан е вистинска легенда на Баерн Минхен со 632 натпревари, додека за репрезентацијата на Германија беше меѓу стативите на 86 меча.

- Оглас -

Најнови вести