Легендарниот Патрик Јуинг заврши во болница поради Коронавирусот

Прославениот НБА кошаркар Патрик Јуинг е на листата на заболени од Коронавирусот. Некогашната ѕвезда на Њујорк никс преку својот твитер профил потврди дека е заразен и дека се наоѓа во болница, но сега е во стабилна состојба.

„Овој вирус е опасен и треба сериозно да се сфати. Сакам да им се заблагодарам на здравствените работници и сите оние кои се на првата борбена линија против Коронавирусот. Ќе пројде и овој вирус“, напиша Јуинг, кој сега има 57 години и работи како тренер во една училишна екипа.

Јуинг во НБА кариерата одигра 17 сезони од кои најголемиот дел ги помина во дресот на Њујорк, а ги има носено и дресовите на Сиетл суперсоникс и Орландо меџик. Иако беше одличен центар, никогаш не успеа да стигне до титула, но затоа 11 пати беше дел од Ол-стар тимот, а со репрезентацијата на САД освои две златни медали на Олимписките игри во 1984 и 1992 година.

- Оглас -

Најнови вести