Легендарниот дефанзивец на Барселона, Жерарт Пике, во моментов е сопственик на Андора, екипа која се натпреварува во Ла Лига 2. Во последното коло одиграа само 1-1 на домашен терен против Мирандес, а Пике збесна на судиите.
„Вие сте никој и ништо“, им се обратил Пике на судиите, па продолжил: „Кучкини синови, немате поим, срам да ви биде.“
Тука неговото обраќање кон судиите било прекинато од полицијата, која интервенирала, а веќе е покрената и дисциплинска постапка против него. Според правилниците на Ла Лига, Пике ќе добие жестока казна дури и до 12 натпревари.