Легендарниот Раул се враќа во Бундеслигата и ќе води екипа која игра во Лигата на шампионите?

Легендарниот шпански фудбалер, Раул Гонзалес, е главен фаворит да седне на клупата на Унион Берлин, објавија шпанските и германските медиуми.

Унион Берлин по 11 одиграни кола во Бундеслигата се наоѓа на последното место на табелата со само шест освоени бодови, а е последен и во својата група во Лигата на шампионите со еден освоен бод по четири кола.

Поради очајните резултати, Урс Фишер доби отказ, моментно екипата ја води тренерот на вториот тим, Марко Гроте кој е привремено решение, а челниците на екипата токму во Раул Гонзалес го гледаат долгорочното решение.

Раул кој е вистиска легенда на Реал Мадрид и на шпанскиот фудбал, моменто е тренер на вториот тим на Кралевите.

Тој во играчката кариера, освен за Реал Мадрид, настапуваше и за Шалке (2010-2012).

- Оглас -

Најнови вести