9.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Легендарниот Рио Фердинанд во одбрана на Винисиус: „Како може некој да оправдува расизам?“

Во дебатата за случувањата на мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид се вклучи и легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд. Тој посебно ги пофали Мбапе и Трент, а застана во одбрана на Винисиус, за кого вели дека прославата на голот не може да биде причина за расистички навреди.

„Пофалби за Трент и Килијан, кои веднаш застанаа со Винисиус. Му дадоа поддршка и затоа секоја чест за нив. Како да зборуваме за расизмот? Како може луѓето да го оправдуваат тој што е расист? Винисиус да биде виновен? Не требаше така да го слави голот? Тоа е неприфатливо. Фудбалот е преубава игра и овие работи нѐ враќаат децении назад. Надлежните мора да направат нешто“, рече Рио Фердинанд.

- Оглас -

Најнови вести