3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Легендарниот Ромарио: „Попрво би играл за Аргентина, отколку за Реал Мадрид“

Ромарио важи за фудбалска икона, но иако само две сезони беше дел од Барселона, сепак љубовта кон каталонскиот гигант сè уште трае.

Бразилецот запрашан кога би требало да одлучи дали да игра за Аргентина или за Реал Мадрид даде интересен одговор.

„Попрво би играл за Аргентина. Јас сум со Барселона до крајот на мојот живот“, беше одговорот на Ромарио.

Ромарио беше дел од Барселона од 1993 до 1995 година, го освои шпанското првенство, но и Супер купот, а загуби во финалето на Лигата на шампионите. Во 1994 година со Бразил го освои и Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести