Легендарниот Роналдо откри: Две и пол години се борам со депресија, психотерапијата ме спаси

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Луис Назарио де Лима Роналдо, откри дека веќе две и пол години се бори со депресијата и затоа посетува психотерапија.

„Веќе две и пол години одам на психотерапија поради депресијата и тоа многу ми помогна да се разберам самиот себе“, искрено зборуваше Роналдо кој потенцираше дека неговата генерација на фудбалери не биле заштитени како сегашните, каде во секој клуб има психолог.

„Ние едноставно бевме „фрлени во оган“ и тоа без никакви подготовки, а од нас се бараше само да играме најдобро што можеме. Бевме изложени на голем ментален стрес. Тогаш на никого не му беше грижа низ се што требаше да поминат фудбалерите и како тоа се одраува на нивната психа. Денеска фдубалерите многу подобро психички се подготвени за предизвиците. Секој од нив го добива потребното лекарско внимание. Во мое време не беше така, сите едноставно го игнорираа тој проблем“, вели Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести