18.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Легендарниот Руди Фернандес испиша олимписка историја

Шпанецот Руди Фернандес стана првиот кошаркар во историјата кој шестпати бил учесник на Олимписките игри.

Тој освои два сребрени медали, во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година, како и бронза со сеелекцијата на Шпанија на ЛОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Руди Фернандес одигра 17 минути во мечот кој Шпанија го загуби од Австралијците со 80-92.

На Олимписките игри по петпати учествувале Шпанецот Хуан Карлос Наваро, Теофило Круз од Порторико, Австралиецот Ендру Гејз, Бразилецот Оскар Шмит и Аргентинецот Луис Скола.

- Оглас -

Најнови вести