Легендарниот руски хокеар порача: Војните никому му немаат донесено добро

Александер Овечкин е еден од најголемите хокеари во историјата на НХЛ-лигата.

Левото крило и капитен на Вашингтон капиталс е најдобриот стрелец на сите времиња во најквалитетната хокејска лига, а се огласи по повод случувањата меѓу Русија и Украина.

„Војните никому му немаат донесено ништо добро, па апелирам до надлежните да ја запрат оваа ситуација каде што гинат голем број невини граѓани“, изјави Овечкин.

Рускиот хокеар и во 36-тата година од животот е еден од најдобрите на мразот.

 

- Оглас -

Најнови вести