Легендарниот „Сан Сиро“ оди во историја: Интер и Милан ќе добијат нов стадион вреден милијарда евра (ВИДЕО)

Големите милански клубови, Милан и Интер, конечно ќе добијат нов, модерен стадион.

Само уште завршни детали ги делат раководствата на овие два тима и градот Милано за потпишување на договор со американска градежна компанија.

Градежните активности би требало да започнат наредното лето, а првата средба би требало да се одигра во 2027 година.

Целиот овој зафат ќе ги чини малку повеќе од милијарда долари, а стадионот би требало да има капацитет од 65 илјади седишта.

Тоа е малку повеќе од 20 илјади помалку од легендарниот „Сан Сиро“, кој ќе замине во историјата.

- Оглас -

Најнови вести