15.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Легендарниот Шмајхел се чуди: Никогаш немав слушнато за голманот што дојде на „Олд Трафорд“

Легендарниот голман на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел, смета дека англискиот гигант летово пропуштил шанса да доведе квалитетен чувар на мрежата, а наместо тоа тие довеле тотален анонимус.

Манчестер беше во обид да го добие потписот на Емилијано Мартинес или да го доведе Џанлуиџи Донарума, но наместо тоа, потпис стави младиот Сен Ламенс.

Мартинес со Аргентина е актуелен светски првак и брани одлично во Астон вила. Тимот од Бирмингам за Мартинес бараше отштета од 46 милиони евра, сума која беше преголема за челниците на Манчестер. Затоа, на „Олд Трафорд“ пристигна Ламенс од Антверпен, и тоа за сума од 20 милиони евра.

„Мартинес е докажан голман од светска класа. Тој е и вистински лидер на теренот. Тој е тип на голман кој ги тера напаѓачите двапати да размислат пред да шутираат. Тоа е клучно. Затоа разочарувачки е да се слушне дека трансферот пропадна поради финансиски причини. Што се однесува до Ламенс, искрено никогаш немав слушнато за него пред да се појави во оваа приказна. Знам дека статистички има одлични бројки, но тој бранеше во Антверпен во Белгија, тим кој заврши на петтото место во домашната лига“, разочарувачки констатира Шмајхел.

- Оглас -

Најнови вести