Легендарниот Швеѓанец доби жолт картон во Премиер лигата по пауза од 11 години

Арсенал продолжи со разочарувачките игри и загуби на гости кај Шефилд јунајтед со 1:0 во последниот меч од деветтото коло во Премиер лигата. Освен поразот, на овој меч се случи и една помалку заборавена ситуација. Жолт картон доби Фреди Љунгберг. Некогашниот играч на Топчиите сега во улога на помошник-тренер беше јавно опоменат од судијата Мајк Дин.

Швеѓанецот бурно реагираше покрај теренот кога жолт картон доби младиот играч на Арсенал, Сакa, поради симулирање. Љунгберг цели 11 и пол години немаше добиено жолт картон во Премиер лигата. Последен пат бил јавно опоменат во март 2008 година, и тоа како играч на Вест хем.

Љунгберг играше за Арсенал од 1998 до 2007 година, а потоа една сезона го носеше дресот на Вест хем пред да си замине од Премиер лигата.

https://twitter.com/BBCMOTD/status/1186367075163365376

- Оглас -

Најнови вести