Швајцарскиот ски-скокач Симон Аман останува да биде дел од елитното друштво. Иако веќе има 42 години, Аман не се предава и ќе биде дел од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
За Аман има место меѓу четворицата најдобри во селекцијата на Швајцарија и треба да настапи на скокалниците во Обесдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.
Во кариерата која му трае повеќе од две и пол децении, Аман е четирикратен олимписки првак, беше светски првак од Сапоро, има и 23 поединечни победи во Светскиот куп, а дури 80 пати бил на пиедесталот меѓу тројцата најдобри.
Аман никогаш не бил вкупен победник на Новогодишната турнеја, а има четири победи. Освен победите и добрите настапи, Аман има и еден немил инцидент кога во Бишофсхофен доживеа пад и итно беше пренесен во болница, но, за среќа, брзо закрепна и се врати на натпреварите.