Еден од најдобрите скијачи во неговата генерација, Ивица Костелиќ, реши да го смени спортот. Хрватскиот скијач кој е освојувач на Големиот кристален глобус од 2011 година, како и освојувач на четири сребрени медали на Олимписките игри, сега е дел од фудбалот.
Оваа вест ја потврди фудбалскиот клуб Максимир, каде што Костелиќ ќе работи како соработник за кондиција, и тоа со генерацијата родена во 2014 година.
„Горди сме што претставуваме големо засилување во нашата фудбалска школа! Еден од најголемите хрватски спортисти во историјата стана фитнес соработник во нашиот клуб како дел од персоналот за нашите младинци од генерацијата 2014 година. Ивица Костелиќ, ви посакуваме добредојде во нашиот клуб и ви посакуваме многу среќа и успех во вашата понатамошна работа.“, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи.
По завршувањето на скијачката кариера, Костелиќ не мирува. Од спортските активности, тој се занимаваше со едрење и планинарење, а сега своето искуство треба да го пренесе и на младите фудбалери од Максимир, тим кој се натпреварува во четвртата лига во Хрватска.