Легендарниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, има свој коментар за Енцо Фернандес, најскапиот фудбалер во Премиер лигата. Екипата на Челзи за него плати дури 121 милион евра на Бенфика, откако фудбалерот го освои Светското првенство со Аргентина.
– „Ако некој платил за тебе 100 милиони евра, тогаш можеш барем да трчаш на теренот, но тој само одеше. Изгуби топка и после тагуваше заради тоа. Го гледам и се прашувам: Чувствува ли он одговорност?“ – беше прилично остар во својот коментар Весли Снајдер.
– „Мислам дека не е одличен фудбалер, немам проблем да го кажам тоа. Вие (н.з. водителот) рековте дека на Светското првенство одиграл добро само поради Лео Меси. Мислев дека тоа ќе го прави и во Челзи, но тој е далеку од таа форма. Тој мора да трча колку што може, но тој не го прави тоа.“ – завршува Снајдер.
Енцо Фернандес во зимскиот преоден рок потпиша за Челзи за 121 милион евра. Тој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Светското првенство во Катар. За екипата на Челзи одигра 15 натпревари, на кои нема постигнато погодок, а запиша само две асистенции. Договорот со Челзи е со важност до 2031-вата година.