Легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога ја доби поддршката и во следните четири години ќе остане на чело на Евролигата. Управниот одбор на најквалитетното европско кошаркарско натпреварување донесе одлука Бодирога да остане на чело на организацијата до 2028 година, а на оваа функција дојде во 2022 година.
Нов мандат доби и извршниот директор Паулиус Мотиејунас, кој важи за десна рака на претседателот Бодирога.
„Под нивно водство Евролигата покрена клучни иницијативи: генерирање најголем интерес од кога било за дигиталните платформи и телевизијата, поставување нов рекорд по бројот на посетители, одржување на редовни контакти со цел наоѓање прифатливи решенија за доброто на кошарката, идентификација на можноста за соработка на нови пазари надвор од паневропскиот“, се вели во соопштението на Евролигата.