9.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Легендарниот стадион е ставен на продажба поради долг од речиси две милијарди евра

Еден од најлегендарните и најпознатите стадиони во светот, „Маракана“ во Рио де Жанеиро, е ставен на продажба од страна на локалните власти. Владата на сојузната држава има долг од 1,89 милијарди евра кон федералните власти, па еден од начините овој долг да биде намален е токму продажбата на култниот стадион.

„Естадио журналиста Марио Фиљо“, како што е официјалното име на стадионот, беше домаќин на сите значајни настани кои се организирани во Бразил, а властите во Рио очекуваат дека со неговата продажба ќе добијат околу 320 милиони евра.

Секако, навивачите и спортската јавност не се задоволни од ваквите најави и веќе се организираат протести против оваа одлука на локалните власти.

- Оглас -

Најнови вести