Легендарниот судија за последен пат во ЛШ, и тоа на дербито на денот

Германскиот судија Феликс Брих утре ќе ја заврши меѓународната кариера. Брих, кој има 46 години, по рекорден 70-ти пат ќе суди во Лигата на шампионите. Германскиот арбитер ќе ја дели правдата на дербито меѓу Реал Мадрид и Интер што ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Брих е судија од 1993 година, а од 2007 година го има знакот на ФИФА. Со утрешниот дуел меѓу Реал Мадрид и Интер, Брих ќе стави крај на меѓународната кариера, но ќе продолжи да суди во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести