36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Легендарниот Теди Шерингам знае кој е спасот за Јунајтед: „Тој е вистински лидер!“

Кризата во Манчестер јунајтед се чини дека нема крај, па откако го сменија Ерик тен Хаг на сред сезона, сега сè погласно се шпекулира за можна смена и на Рубен Аморим, кој во клубот дојде минатата есен.

Резултатите и со португалскиот тренер не се движат според посакуваното, а Црвените ѓаволи се на 14-тата позиција на табелата. Единствениот спас за сезоната е Лигата на Европа, каде што Манчестер јунајтед одигра 1-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад на првиот осминафинален меч, па евентуално освојување на ова натпреварување ќе им донесе пласман и во Лигата на шампионите за следната сезона.

Легендата на клубот, Теди Шерингам, зборуваше за кризата, но беше прашан и кој може да го извлече Манчестер јунајтед од оваа ситуација.

„Рој Кин! Нема сомнеж. Во Јунајтед во моментов нема лидер. Секој врвен тим мора да има свој лидер. Рој е без работа некое време. Не би имал ништо против да го видам повторно во клубот. За него има само една улога и тој мора да биде лидер. Ако размислуваат да го заменат Рубен Аморим, би било вистински потег да го вратат Рој Кин“, рече Шерингам.

- Оглас -

Најнови вести