Пеп Гвардиола ја има веројатно најлошата сезона во неговата тренерска кариера, а Манчестер сити воопшто не личи на екипата која лесно ги освојуваше трофеите. Сепак, тренерот на Граѓаните има проблеми и во приватниот живот бидејќи се разделува и со својата парнерка по 30 години, со која имаат три деца.
„Дали ми е жал за она што му се случува на Манчестер сити и на Пеп? Да, жал ми е. Не е лесно да се носиш со она со што мора да се носи Пеп надвор од фудбалот. Поминав низ тоа кога си заминав од Барселона. Не е лесно да се носиш со такви работи, тогаш психички не си добар. Гледате дека Пеп не е истиот. Можам да ви кажам дека не е лесно да се борите со тоа. Никој не сака да се занимава со тоа додека истовремено мора да донесе и резултати. Го разбирам“, рече легендарниот Франзуцин Тјери Анри.