Легендарниот Том Брејди прави чуда на 43 години, Суперболот ќе биде историски (Видео)

Прославениот НФЛ-играч Том Брејди покажа дека ни годините не му можат ништо кога се работи за пласман во Суперболот. Иако има 43 години, Брејди беше предводник на Тампа Беј до пласман во големото финале, откако со 31:26 славеше против Грин Беј, и тоа на гостински терен.

Брејди ја игра 21-вата сезона во НФЛ, а ова за него ќе биде јубилејно 10-то финале, нешто што не му успеало на ниту еден друг играч во историјата. Во мечот кој решаваше за пласман во Суперболот, квотербекот беше речиси перфектен. Имаше три додавања за тачдаун, а немаше ниту една загубена топка.

Суперболот оваа сезона ќе се игра на стадионот на кој Тампа беј ги игра своите мечеви како домаќин и тоа ќе биде прв пат во историјата, финалето да се игра на теренот на екипа која е дел од борбата за трофејот.

Во големото финале на 55-тиот Супербол, Тампа беј ќе игра против Канзас сити, кој успеа да глави против Бафало со 38:24, иако гостите по првата четвртина водеа со 9:0. За Канзас ова ќе биде четврто финале за големиот трофеј, а тоа е екипата која е и актуелен бранител на тронот.

Минатата сезона Канзас во финалето успеа со 31:20 да го победи Сан Франциско со 31:20. Последна екипа која успеала двапати по ред да победи во Суперболот е Њу Ингланд патриотс, и тоа во 2003 и 2004 година, кога лидер во тимот беше токму легендарниот Бреjди.

 

- Оглас -

Најнови вести